„Мислам дека првичната проценка треба да биде дека денеска се покажа демократскиот капацитетет на нашата земја, немаше сериозни прекршоци на избирачките места и тоа за мене охрабрува затоа што го покажува демократскиот капацитет на нашата држава и еден од условите за техничка влада во 2016 година, за одржување на фер и демократски избори, веќе е надминат. Тоа е клучно, благодарност до сите граѓани кои беа вклучени, резултатите стигаат, но за 2-3 часа ќе имаме и официјални резултати од ДИК“, рече Фатмир Битиќи,потпретседател на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, на ТВ 24.
Тој посочи дкеа излезноста ќе биде таа што се очекувала и дека не треба да се стави дамка на денешниот ден поради мали нарушувања поради луѓе кои од незнаење можеби, го нарушиле процесот.
„Сите политички чинители треба да се гордееме, граѓаните покажаа дека нивниот глас е пресуден и и какви да се резултатите, покажаа дека ова е одлика на една демократска развиена земја, различна од тоа што сме ја гледале порано“, посочи Битиќи.