Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Дневната евтина тарифа на струјата се враќа најверојатно од први јули

Фатмир Битиќи

Дефинирањето на цената на електричната енергија се прави од РКЕ, водејќи се од неколку параметри, појаснува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во утринската програма на Телма телевизија, одговарајќи на прашањето дали може да се очекува враќање на дневната тарифа на струјата.

– Еден од параметрите е цената која што ЕСМ може да ја постигне при нудењето на универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум. Досега таа е цената која ја нудеше државата, субвенционирана за 80%. И оваа година и во 2023 година ние во буџетот имаме испланирано околу 250 милиони евра за поддршка на енергетската криза што опфаќа и поддршка на ЕСМ за да се финализира финалната цена за крајните потрошувачи. Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа, најверојатно ќе биде вратена од 1 јули. Тоа што се обидуваме и го покажавме кога беше многу потешко е да граѓаните најмалку го почувствуваат и тие кои ги нарекуваме во категоријата на најмалите потрошувачи, 97,8% од домаќинствата да бидат заштитени и малите потрошувачи во стопанството, кажа Битиќи.

Во однос на тоа дали ДДВ-то на струјата може да се врати на 18%, за разлика од досегашните 10%, вицепремиерот одговори:

– Ние кога донесовме пред 1,5 година мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза една од мерките беше намалувањето на ДДВ-то и тогаш најавивме дека таа постепено ќе се врати затоа што секако не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна во буџетот. Се прават последните анализи дали ќе остане на ставката од 10% или може да се врати на 18% без притоа товарот да падне целосно кај граѓаните. Анализите се при крај, тендерот го објавува ЕВН Хоум, вообичаено го објавува мислам почеток на јуни, така што тоа е за брзо време а ЕСМ доаѓа со предлог каква цена ќе понуди до ЕВН, некаде при крај на јуни би требало да дефинира РКЕ нови цени за тарифи од 1 јули, кажа Битиќи.

Тој додаде дека ние не зависиме само од домашното производство на електрична енергија, туку зависиме и од цените кои се движат на берзата.

– Но, како што беше последните 1,5 година одлуките ќе бидат донесени во полза на граѓаните и тие најмалку да ја почувствуваат кризата, заклучи Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен