Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи во Желино: Младите ќе добијат културен центар каде ќе можат да го развиваат својот креативен потенцијал

„Сите млади, во сите општини заслужуваат свое катче, затоа сум задоволен што и младите во Општина Желино добиваат Младински културен центар“, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи ја посети Општина Желино каде изврши увид на сработеното во рамките на ТАВ проектот за изградба на Младински културен центар кој е реализиран преку ТАВ програмата, преку која се реализираат инфраструктурни проекти низ сите општини во државата.

„Важно е дека ова се проекти за кои аплицираа самите општини, што значи дека се нивни барања и приоритети кои тие ги воочиле за своите сограѓани. Младинскиот културен центар во Желино според проектот и обврската од Владата е завршен, како што е предвидено во договорот потпишан со Општина Желино, бидејќи градежните работи се завршени според предвидениот буџет вреден околу 300 илјади евра, сè до надворешното фасадирање на објектот“, изјави Битиќи.

Новиот Младински културен центар во Желино

Вицепремиерот информираше дека сега и преостанува на општината како обврска да го комплетира внатрешниот ентериер.

„После ова, жителите на Желино, особено младите, ќе добијат еден простор каде ќе можат да го изразат и развиваат својот креативен потенцијал, за реализација на идеи и нови проекти важни за развојот на Желино. Оваа зграда ќе биде нивниот втор дом, од кој очекуваме да произлезат многу дискусии и идеи за напредок за младите генерации“, рече Битиќи, и додаде дека до денес имаме над 76% реализација на проектите започнати со ТАВ програмата и што реализацијата на овие значајни проекти успешно се развива според предвидената динамика.

„Од вкупно 82 започнати проекти вредни 49,7 милиони евра, 60 инфраструктурни проекти се завршени, а во моментов се работи на 22 други. За останатите десет проекти, реализацијата ќе започне деновиве“, рече Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт рече дека работите во рамките на овој проект за изградба на Младинскиот културен центар опфаќаат од бетонски и армирачки работи до водоводни, електрични и фасадни работи, а вредноста на овој проект е речиси 300.000 евра.

„Сметаме дека овој Младински центар во иднина ќе обезбеди и овозможи на младата популација во Желино поддршка за нивниот личен развој и нивно активно учество во заедницата. Нашата одлична соработка со Владата и локалните власти продолжува, додека придобивките за локалните заедници и општата инфраструктура во земјата ќе траат“, изјави Курт.

Градоначалникот Блерим Сејдиу му се заблагодари на вицепремиерот Битиќи за неговиот придонес Општина Желино да добие Младински културен центар, бидејќи до сега младите од оваа општина немаа свое катче за изразување на нивниот интелектуален потенцијал.

„Овој проект е прв Младински центар во нашата општина. Младите ќе имаат еден друг дом каде што ќе може да ги развиваат нивните идеи со користење на овој значаен објект наменет за младите но и за сите други кои во иднина ќе го користат Младинскиот културен центар. Ние како Општина Желино аплициравме во 2021 година и лани во 2022 година заврши изградбата, сега очекуваме да заврши и втората фаза”, рече Сејдиу.

Преку програмата ТАВ, Владата и ТАВ градат канализации, водоводи, спортски сали, патишта, градинки, домови за стари лица и младински центри, значајни инфраструктурни проекти за нашите сограѓани.

Зачлени се на нашиот е-билтен