Благајничка од ЈКП Кавадарци обвинета за проневера на над половина милион денари

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 48-годишната В.Д. од Кавадарци, вработена како благајник во Јавното претпријатие за комунални работи, под сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „затајување“.

Според досегашната истрага, во периодот од 22 септември до 31 октомври 2025 година, пријавената присвоила вкупно 568.684 денари од дневниот промет на наплатните пунктови за водоснабдување и други комунални услуги. Дел од парите ги задржувала за себе, а остатокот го внесувала на сметката на претпријатието, при што институцијата била оштетена за наведениот износ.

Случајот е пријавен, а понатамошната постапка се води пред Основното јавно обвинителство во Кавадарци.

Зачлени се на нашиот е-билтен