По излегувањето од Европската Унија, Велика Британија ја изгуби институционалната платформа за директно обликување на европската политика. Но тоа не значи дека се повлече од стратешката сцена. Напротив – таа сè повеќе е присутна, особено во Западен Балкан, регион што Лондон историски го разбира, но и го користи како полигон за демонстрација на својата постбрегзит надворешнополитичка автономија.
Најнов доказ за таа стратегија доаѓа во форма на рекорден заем од пет милијарди фунти што Обединетото Кралство ѝ го додели на Северна Македонија, пишува регионалното издание на реномираниот Блумберг во текст со наслов „Геополитика со камата: Како Велика Британија си купува нова улога на Балканот“.
Станува збор за износ што значително ги надминува економските капацитети на земјата, но не и политичките цели на Лондон. „Велика Британија, иако формално ја напушти ЕУ, очигледно не сака да се повлече од европските стратешки игри – особено кога станува збор за Западен Балкан“, коментира за „Блумберг Адрија“ политиколог Харун Церо.
Сепак, според политикологот Харун Царо, британскиот ангажман на Балканот, и покрај брегзит, има двојна вредност: стабилизирачко дејство во регионот, но и демонстрација на новата, пофлексибилна и посамоуверена британска дипломатија.