Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во експлозијата на бомба во Керамидница повреден е Раде Трајковски – Штекли!

Денеска, на 14 ноември 2024 година, во 09:20 часот, во дворно место во скопската населба Керамидница била фрлена експлозивна направа. Во експлозијата повреден е Р.Т., кој веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.

Според извори на Рацин.мк експлозивната направа била фрлена во домот на Раде Трајковски – Шеткли.

Пред седум години името на Раде Трајковски викан Штекли ги опколи македонските медиуми кои го поврзаа со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но подоцна осомничен и обвинет беше Филип Секуловски- Кобра.

Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во крвавиот чин. Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Белград.

Во 2021 година Шеткли беше уапсен во Белград поради тогашното поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница.

За потсетување, убиството на младиот фудбалер Марин Јанушев беше извршено на 3 ноември 2017 година, кога осудениот Кобра излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Според пресудата, со која беше осуден на 9 години и четири месеци затвор, Секуловски попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал „да се пресметаат“. Иако и Јанушев кај себе го имал пиштолот на татко му, обвинетиот прв извадил пиштол марка „црвена застава“ и го застрелал со пет проектили.

Летото на крајот од август, Штекли беше повторно мета. Но тогаш најверојатно го спаси блендираниот автомобил во кој се возел. Сепак, пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкува како порака што одредена криминална група сака да ја испрати. Штекли не се поврзува со последните мафијашки убиства, но многу индиции водат кон новокомпонираната група „Барон“

СЀ ВОДИ КОН „БАРОН“ (анализа на Фокус)

Името на Штекли во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран. Неговото име не се споменуваше ниту во последните мафијашки пресметки, кои почнаа со убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

Со двојното убиство во „Шиша бар“ под скопско Кале почна ново прегрупирање во скопското подземје.

Брзо по двојното убиство, во Приштина беше убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил.

На околу еден километар од убиството беше најден запален автомобил со германска регистрација. Косовските медиуми тогаш објавија дека Даци бил осомничен токму за убиството во „Шиша бар“.

Според официјалните документи, семејното презиме на Бљерим е Даци, а го сменил во Шабани, откако издржал 18 месеци затвор во Пакистан како припадник на Ал каеда.

Еден месец по убиството во Приштина, во апартман во Ханиоти, на Халкидики убиен беше и неформалниот водач на „Дуќанџик“, триесет и деветгодишниот Орхан Ибраими-Оки.

Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ остана обезглавена. Токму оваа група беше главна во подземјето во постојана ривалска битка со другата група „Беланоца“.

Зачлени се на нашиот е-билтен