Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бомгартнер, амбасадор на Франција: Гласањето на Северна Македонија за резолуциите во ОН за нас беше изненадување

„Гласањето на Северна Македонија за резолуциите во Обединетите нации за нас беше изненадување. Целта на европската дипломатија е токму тоа, да се држиме до таа едногласност и да се обезбеди безбедност на континентот“, изјави амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, на новинарско прашање на прес конференцијата по повод одбележувањето на Франкофонијата.

Како што е познато, Северна Македонија се воздржа од гласање за двете резолуции во ОН на тригодишнината од војната во Украина со кои се осуди агресијата на Русија врз една суверена држава и се побара итен прекин на воениот конфликт.

За првичната верзија на предлогот на САД, во која не се наведуваше Русија како агресот, Северна Македонија беше и коспонзор, заедно со Израел и Унгарија.

Зачлени се на нашиот е-билтен