Синоќа, во срцето на Скопје, на Плоштад Македонија, е поставена величествена Божикна пештера, симбол на Бадник и Божик – празникот на Христовото раѓање.
Според Здружението Бадникови Поворки, ова е најимпозантната Божикна пештера во регионот, создадена со спој на уметност и традиција. Проектот е идеја на Ангел Мицевски, реализиран од вајарот Зоран Тошески, кој со својата сопруга волонтерски работел за да го создаде овој уникатен симбол на љубовта кон Бога и доброто. За совршениот изглед се погрижил и Влатко Павловски, исто така волонтер.
Поддржана од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и со помош на Град Скопје и скопските општини, Божикната пештера носи автентична празнична атмосфера за сите.
„Ви благодариме на сите волонтери и помагатели што го направија ова возможно. Со нивната посветеност, го славиме најсветлиот дух на празничната сезона,“ изјавуваат организаторите.
Граѓаните се поканети да ја посетат пештерата, да ја почувствуваат празничната топлина и да ја споделат радоста со најблиските.
„Да ја пренесеме божиќната радост до секое срце и дом! Очекуваме да се видиме на Плоштад Македонија,“ порачаа од Здружението.