Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британското шоу „This Мorning“ со директно вклучување од Охрид и Скопје

Најгледаната дневна телевизиска емисија „This Мorning“ која се емитува во Велика Британија има директно вклучување од Охрид и Скопје. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е организатор на информативно патување за новинари и репортери од горенаведеното дневно шоу во период од 17ти до 20ти април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.

Целта на ова патување е промоција на Северна Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартери од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со ВизАир од Скопје. ТУИ актив веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарии. Британската јавна телевизиска мрежа “ITV” има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Инстаграм, 2.5 милион следбеници на Фејсбук, 2.5 милиони сабскрајбери на Јутјуб.

Агенцијата за туризам искажува благодарност до ИМЕ-Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост, за поддршката при организација и реализација на информативново патување кое е од значење за промоција на земјава на британскиот туристички пазар.

“Претстојнава сезона очекуваме стопостотно зголемување на туристите од Англија и ова претставува дополнителен мотив заедно со туристичкиот сектор да работиме кон остварување на целта за 2023 година, а тоа е 3.5 милиони ноќевања”- изјави директорoт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски.

Зачлени се на нашиот е-билтен