Бројот на жртви од трагедијата во Кочани е 59, сите други информации се неточни и неосновани, реагираат од Владата

Во јавноста се појавуваат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите во трагедијата во Кочани. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврденија за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само го зголемуваат вознемирувањето на јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите, се истакнува во соопштението од Владата.

Официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен ги утврдуваат точните бројки. Владата инсистира на целосна транспарентност и редовно ќе ја информира јавноста за сите нови детали поврзани со истрагата.

Апелираме до медиумите и граѓаните да не веруваат во непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност. Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти на оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите, стои во владиното соопштение.

Зачлени се на нашиот е-билтен