Бугарија испрати авион за транспорт на петмина повредени од Кочани, ќе бидат сместени во Софија и Варна

По наредба на бугарскиот премиер Росен Жељазков, воен авион „Спартан“ отпатува за Македонија за да превезе петмина тешко повредени во пожарот во Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат медицински тимови составени од лекари за интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат хоспитализирани во специјализирани одделенија во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, во готовност се ставени и клиничките бази во Софија, Варна и Благоевград, доколку има потреба од прием на уште пациенти. Бугарските власти информираа дека болниците се подготвени да примат дополнителни повредени во координација со македонските институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен