Бугарски пратеник собра 34.200 евра за помош на настраданите во Кочани

Манол Пејков, пратеник во бугарското собрание, успеа да собере значајна сума од 34.200 евра преку хуманитарна кампања организирана за помош на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Според информациите објавени на бугарскиот портал „Пловдив24.бг“, средствата ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.

Пејков изјави дека ќе се поврзе со семејствата на загинатите во Софија и Варна за да ги информира за собраните средства и понуди практична помош. Дополнително, тој планира да оствари средба со амбасадорот на Северна Македонија во Софија, за да изрази длабоко сочувство и понуди поддршка преку фондацијата која тој ја води.

Неговата иницијатива за собирање на средства беше поздравена од страна на многу луѓе, кои го поддржаа ова хумано дело и го поздравија неговиот напор да помогне на луѓето кои се погодени од трагедијата во Кочани. Кампањата го покажува солидаритетот на бугарските граѓани со настраданите и нивните семејства во време на голема тагување и болка.

Зачлени се на нашиот е-билтен