Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе работи нонстоп

Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе работи нонстоп, откако 1.700 студенти потпишаа онлајн петиција во која бараа продолжено работно време во пресрет на испитната сесија. Со оваа одлука, која ја соопшти Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ), читалната ќе биде достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата.

View this post on Instagram

A post shared by Студентско собрание на УКИМ (@ussukim)

Студентите нагласија дека голем број од нив се вратени во Скопје, но дома не можат да најдат мирен амбиент за учење. Петицијата беше поддржана од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и директорката на библиотеката, Снежана Стојчевска, кои ја одговориле на барањето.

Ова не е прв пат да се покренува ваква иницијатива. Слични апели беа упатени и во претходните години, кога библиотеката го продолжуваше своето работно време, реагирајќи на потребите на студентите.

Зачлени се на нашиот е-билтен