Чудо невидено – Град Скопје го средува кејот меѓу Александар Палас и Карпош 4

Град Скопје започна со уредување на кејот меѓу хотелот Александар Палас и Карпош 4, што е дел од проектот за обновување на јавните простори во градот.

Работниците на терен информираа дека во овој дел од кејот ќе бидат уредени зелени површини, што дополнително ќе го подобри изгледот на оваа делница и ќе создаде пријатен простор за сите граѓани.

Во Скопје, во населбата Карпош 4, минатата година започнаа градежните работи за нов парк кој ќе се протега од новиот мост во Влае до новиот жолт пешачки мост, опфаќајќи површина од 86.000 метри квадратни.

Проектот предвидува изградба на пешачки патеки, паркинг за посетителите, нова урбана опрема и паркови за миленици. Овие елементи ќе го подобрат изгледот на просторот и ќе поттикнат активен начин на живот и дружење помеѓу жителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен