Цените на почетокот на сезоната во омилените места на Халкидики слични како и лани

ale3andro, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons
ale3andro, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Туристите во популарните места на Халкидики во Грција, оваа година ги пречекаа цени во кафулињата и рестораните речиси идентични како и минатата година.

Лежалките сè уште се достапни со пијалок, што е вообичаено во периодот напредсезоната, иако има и исклучоци и плажи каде што наплатува дополнително.

Цената на пивото во таверните на шеталиштата и главните улици се движи од 4 до 5 евра, кафето од 2,90 до 3,50 евра, а соковите помеѓу 2,50 и 3 евра. Ако сакате „Аперол“, ќе го платите 8,50 евра.

Ѓиро од нога сè уште може да се јаде за 3 евра, додека за семеен оброк, како пица, тестенини или сувлаки, ќе биде потребно да се издвојат од 7 до 50 евра по порција во зависност од ресторанот.

Порција сувлаки со помфрит чини од 10,50 евра, бургери се околу 12 евра, а стек од 19 до 25 евра. Мешано месо за две лица чини околу 28 евра. Туристите генерално истакнуваат дека цените се прифатливи и дека односот на квалитет и услуга останал ист како и претходната сезона.

Според информациите од претставници на туристички агенции, мај и јуни традиционално се популарни за тиристите од регионот, посебно за пензионерите, родителите со мали деца и другите кои претпочитаат помирен период пред шпицот на сезоната, кога цените стануваат повисоки.

Зачлени се на нашиот е-билтен