Цените растат, платите стојат – граѓаните најавуваат бојкот!

Граѓаните сè повеќе се револтирани од постојаното поскапување на производите, додека платите остануваат исти. Тие сметаат дека е време за акција, а најавениот бојкот на маркетите во петок добива масовна поддршка.

„Внимание“ ги праша граѓаните дали маркетите се главната причина за високите цени или проблемот е подлабок. Еве што велат тие:

„Не може вака! Цените постојано одат нагоре, а платите мируваат. Народот е принуден да се буни, да протестира и да бојкотира!“
„Сè е прескапо, веќе не може да се издржи со овие примања!“
„Мислам дека големите маркети се договараат и нагло ги покачуваат цените.“

На прашањето дали ќе се приклучат на најавениот бојкот, одговорот беше едногласен:


„Милијарда посто ќе се приклучам! Ако сите речеме „не влегуваме во маркетите“, ќе видиме што ќе прават после тоа. Тие зависат од нас!“
„Треба сите да се разбудат и да излезат, не да спијат!“
✅ „Секако дека ќе се придружам, ова веќе не се трпи!

Дали бојкотот ќе има ефект? Познат актер смета дека е можно:
„Ќе се вразумат, ќе сфатат дека претераа…“

Дали оваа акција ќе донесе промени, останува да се види. Но, едно е сигурно – граѓаните не планираат да молчат!

Зачлени се на нашиот е-билтен