Новогодишната магија пристигна во општина Центар! Главните локации и неколку улици се украсени со светлосни декорации, елки и блескави сијалички, создавајќи претпразнична атмосфера што ги радува граѓаните.
Украсувањето, кое започна на 21 ноември, го опфати скверот Јадран, паркот во Капиштец, улиците Боемска и Орце Николов.
„Центар сега блеска со новогодишната магија. Секоја светилка нѐ потсетува на љубовта, мирот и радоста. Минатиот месец започнавме со украсување како прва општина во земјата, со цел да внесеме топлина во срцата на децата и возрасните. Центар е дом за сите, каде секој е добредојден,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Од Општината најавуваат дека следната недела ќе бидат објавени деталите за културните и музички настани што ќе ја збогатат празничната сезона и дочекот на 2025 година.