Центар за граѓански комуникации: Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост на функционерите

Актуелни и поранешни градоначалници, министри, заменици-министри, функционери ги криеле уделите и сопствеништвото што го имаат во фирми пред Државната комисија за спречување на корупција.

Истовремено нивните фирми добивале тендери, концесии и лиценци од државни институции.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации открива низа дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите. Така на пример градоначалник кој во регистарот на вистински сопственици е евидентиран како сопственик во 5 трговски друштва, во својата изјава за интереси, го пријавил сопствеништвото само во две од петте фирми. Поранешен министер, пак, во регистарот на вистински сопственици е евидентиран како 100 % сопственик на аптека. Но, во изјавата за интереси тоа правно лице од негова страна е наведено како сопственост на сопругата. Токму непријавувањето на фирмите на функционерите отвора голем ризик од корупција.

Зачлени се на нашиот е-билтен