Центарот за развој на Полошкиот плански регион изработи студија со која на Општина Тетово и препорачува да најде приватен партнер кој ќе постави дигитални водомери со цел зголемување на на наплатата на потрошените количини вода. Претставниците на Центарот денеска во салата на Советот одржаа јавна дебата на која ја претставија „Студија за изводливост за дигитална трансформација на водомерните услуги во Општина Тетово“.
- Во суштина, неплаќачите треба да ги претвориме во плаќачи тоа го го кажува студијата. Во интерес на времето предлагаме и препорака на студијата е, да се најде приватен партнер што ќе може да најми таков кадар, што има знаење, бидејќи проектот е комплексен. Значи, освен инсталацијата на самите водомери имате поставување на модули, па поставување на мрежа, па поврзување и затоа се бара експертиза во области што се претежно технолошки што се скапи во пазарот на труд, истакна Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.
Препораката е во домаќинствата да се стават механички водомери со модули за отчитување од далечина, додека во индустријата, бизнисите и кај институциите да се постават електромагнетни исто со модули за вчитување од далечина. За инкасанти нема да има потреба.
-Доколку има општината, капацитети или претпријатието да најми таков кадар како што предлага студијата, они можат слободно да си одат во ИПА фондовите во ЕУ да бараат тоа да го, меѓутоа сигурно ќе ви ги побараат тој кадар со биографии, да видат дека вие стварно го имате. Инаку, ќе знаат дека нема да има ниту ќе се спроведе, ниту ќе има одржливост проектот, посочи Саити.
Во првата фаза, според студијата е предвидено да се изврши ажурирање на регистарот на корисници на вода.
-Ние имаме околу 22.000 корисници во дата базата на комуналното, а реалноста збори дека тие се оствари 40, 50, илјади корисници. Од тие 22 илјади ни пола не плаќаат. Ако направите една проста аритметика, испаѓа дека една четвртина во градов плаќа. Ова е пресумпција, имаме една активност за ажурирање на регистарот да знаеме точно колку се корисници, изјави Саити.
На јавната дебата дел од присутните, меѓу кои и советниците во општинскиот совет побараа одговори дали ќе се зголеми цената за плаќање на потрошена количина вода, дали прашањето може да се постави на референдум и слично. Градоначалникот Биљал Касами во одговорите рече дека ги поддржува препораките од студијата со бразложение дека така ќе има начин за ефикасна наплата на сметките за водата за пиење.