Центарот за управување со кризи утрово извести дека во изминатите 24 часа и во земјата има(ло) вкупно 32 пожари.
Од нив:
• Активни: 7
• Локализиран: 1
• Под контрола: 1
• Изгаснати: 23
АКТИВНИ ПОЖАРИ (7):
- Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума)
- Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки)
- Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен)
- Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
- Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)
- Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), и
- Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума)
ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАР (1):
- Општина Делчево – градска депонија
ПОЖАР ПОД КОНТРОЛА (1):
- Општина Македонски Брод – с. Самаково (лесно запалив материјал)
ИЗГАСНАТИ СЕ 23 ПОЖАРИ (23):
- Сарај – с. Глумово (пилевина)
- Петровец – с. Ржаничино (стрниште)
- Аеродром – с. Долно Лисиче (фолии и стрниште)
- Ѓорче Петров 1 – с. Злокоќани (ниска вегетација)
- Ѓорче Петров 2 – ул. Стево Црвенковски бб (ниска вегетација)
- Чучер Сандево – м.в. Голиево (ниска вегетација)
- Центар – ул. Лазар Личеноски (ниска вегетација)
- Велес – с. Горно Оризари (ниска вегетација)
- Куманово – с. Белаковце (шума, ниска вегетација)
- Старо Нагоричане 1 – с. Ругинце (ниска вегетација и мешана шума)
- Старо Нагоричане 2 – с. Ругинце (нискостеблеста шума)
- Кратово – с. Железница (лозје)
- Штип – с. Балвани (ниска вегетација)
- Долнени – с. Сарандиво (ниска вегетација)
- Боговиње – с. Седларце (депонија)
- Брвеница – с. Теново (ниска вегетација)
- Желино – с. Чефлик (ниска вегетација)
- Врапчиште – с. Неготино (стрниште)
- Битола 1 – с. Магленце (депонија)
- Битола 2 – близина на болницата Плодност (ниска вегетација)
- Свети Николе – правец Штип – Велес (ниска вегетација)
- Прилеп 1 – м.в. Жабино маало (ниска вегетација)
- Прилеп 2 – кај фирмата Гаро-Градба