Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска до 12:30 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, два пожара се веќе изгаснати, додека три се сè уште активни.
Активни пожари има кај село Братиндол во Општина Битола, каде гори сува трева во нива; во Општина Прилеп, на површина со сува трева над касарната; како и во Општина Валандово, каде гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран.
Два пожара се ставени под контрола: во Општина Тетово, каде гори ѓубре во близина на железничката станица, и во Општина Ранковце, каде гори ниска трева и ситна шума.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари.