ЦУК: Пожарот во пошироката околина на Битола е од запалено стрниште

Пожарот, за кој се проширија информации дека е во близина на Битола, е од запалено големо стрниште, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК велат дека екипите на ТППЕ Битола се веќе на лице место и дека нема никаква опасност.

Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку.

Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна, но нема опасност по населени места, известуваат од ЦУК.

Зачлени се на нашиот е-билтен