Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дали договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ му овозможи на Груби да побегне?

„СДСМ нема да изигрува судија или обвинител. Ако постојат сознанија за злоупотреби од било кого, надлежните институции треба да постапуваат според законите,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Но, партијата поставува клучно прашање: „Зошто, ако знаеле, му дозволија на Груби да ја напушти земјата и слободно да помине граница?“

СДСМ алудира дека договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кој допрва треба да се реализира, можеби е причината за ваквата одлука.

„Ова е само уште еден пример на ‘дилови’ кои ВМРО-ДПМНЕ постојано ги прави со ДУИ. Еден таков договор беше толкувањето на законот што дозволи амнестија за дела подведени како злосторства против човештвото. Со тој дил, ВМРО-ДПМНЕ ги изневери жртвите на тортура, кои во најголем дел беа Македонци,“ додаваат од СДСМ.

Партијата посочува дека ВМРО-ДПМНЕ сноси одговорност за тоа што му овозможи на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.

„Границата кон Косово стана ‘решето’ за криминалци и терористи благодарение на ВМРО-ДПМНЕ,“ велат од СДСМ.

На крајот, СДСМ ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да престане со „смешни прес-конференции“ и да го повика директорот на граничната полиција, Тошковски, да преземе одговорност и да поднесе оставка.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби? – прашува СДСМ
21 декември 2024

Зачлени се на нашиот е-билтен