Утрото почна како политички блокбастер: министерот Изет Меџити, како холивудски акционен јунак, го симна сакото, седна во багерот на градоначалникот Висар Ганиу и тргна да ги рони дивоградбите низ Чаир. Прва падна куќата на дипломатот‑сопартиец Бујар Османи, за која, како во признаена исповед, самиот министер наводно потврдил дека ја легализирал „од рака“.
Прашината уште не беше слегната, a специјалците на МВР веќе ја блокираа улицата: со фасцинантна координација, ги ставија во марица „криминалците од ДУИ и Заев“ – според сценариото, конечно фатени со полни џебови и празни совести.
И токму кога јавноста подготвуваше попкорн за продолжението, нараторката Данела Арсовска самата се разбуди. Испадна дека акцијата постои само во нејзиниот сон, а багерот на Ганиу и натаму го чека денот кога некој навистина ќе се осмели да го стартува.
„Сè можат, освен да писнат за криминалот на Висар Ганиу“, резимира Арсовска во објавата, потсетувајќи нè дека најдраматичните реформи во македонската политика сè уште се случуваат – во REM‑фаза.
Македонија, вели таа, е „повторно горда“. За жал, само во соништата.