Дел од Карпош денеска без струја поради планирани работи на електромрежата

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска дел од општина Карпош ќе биде без електрична енергија поради изведување на планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од улицата Леринска, во околината на број 3.

Од компанијата посочуваат дека прекинот е неопходен заради редовно одржување и подобрување на стабилноста и безбедноста на електроснабдувањето во овој дел од градот.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и навремено прилагодување на своите активности во текот на прекинот.

Зачлени се на нашиот е-билтен