Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Виничка“ и „Индира Ганди“, денеска без вода останаа дел од жителите на овие две улици.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека, покрај целосниот прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците, со намален притисок ќе бидат и жителите на улиците „Јован Хаџишишков“, „Злетовска“ и „Демирхисарска“.
Водоснабдувањето е прекинато од 09:10 часот и ќе биде воспоставено веднаш по завршување на интервенцијата.