Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од улиците Рафаел Батино, Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви во Општина Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 08:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат и корисниците од ул. 2 во с. Зелениково.
Поради промена на три затворачи на водоводна мрежа, пак, вода од 09:00 часот ќе немаат корисниците на ул. Никола Парапунов бр. 15 во Општина Карпош.