Денеска стартува „Безбеден град“, камерите снимаат, системо казнува

„безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денеска (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“.  Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:

• непрописно паркирање;

• управување со брзина поголема од пропишаната;

• минување на црвено светло;

• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Возачите кои деновиве добиваа електронски записници поради надмината брзина во зони со ограничување од 50 километри на час, конечно добија јасен одговор од Министерството за внатрешни работи: системот „Безбеден град“ ќе применува иста толеранција како и постојните полициски радари. Тоа во пракса значи дека во средина каде што дозволената брзина е 50 км/ч, системот нема да констатира прекршок ако возилото се движи со 56 км/ч, но ќе регистрира прекршок од 57 км/ч нагоре.

Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.

Ова е сликовит приказ на сообраќајните прекршоци за кои, доколку ги направите, ќе ви стигаат известувања за казни:

Зачлени се на нашиот е-билтен