Дерала: Мора да одговараат сите што се повикани за систем за превенција и безбедност за луѓето

„Сигурно е дека треба да се соочат со правдата сите што непосредно се одговорни за оваа трагедија. Но мора да одговараат, законски и политички, сите што се повикани да ги спроведуваат стандардите и законите, да воспостават систем за превенција и безбедност за луѓето“ пишува Џабир Дерала во неговиот текст на „Цивил медиа“ во врска со синоќешната трагедија во Кочани.

Дерала додава дека трагедијата а е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата.

„Кој дозволил во објектот да влезат деца? Кој ја издал лиценцата за тој објект? Дали некој се занимава со стандардите на овие објекти и дали тие стандарди се почитувале во дискотеката?“ прешува Дерала.

Тој исто така пишува дека е неприфатливо министерот за внатрешни работи да одбива да одговори на прашањата, да бара да биде оставен да работи.

„Тој не се занимава директно со ситуацијата на теренот, не е обврзан физички да трага по фактите, ниту е директно во командната структура на полицијата – не е ни обучен за тоа. Тој е лицето повикано да ѝ одговори на јавноста, да одговори на сите прашања, колку и да се наивни“

Зачлени се на нашиот е-билтен