Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десет дена Груби е во бегство, МВР не дава точни информации каде се наоѓа

Поранешниот вицепремиер Артан Груби е недостапен за органите на прогонот веќе 10 дена и се трага по него. Против него е распишана потерница, а според информациите, неговото бегство било организирано со помош на влијателни лица.

Иако има неофицијални информации дека тој се наоѓа во Драч, Тошковски засега не сака да коментира, ниту пак откри кои мерки се преземаат за да биде вратен Груби и да одговара за делата за кои е осомничен.

Според досегашните податоци, Груби ја напуштил Македонија на 15 декември 2024 година преку граничниот премин Долно Блаце. Во бегството му помогнал полицаец, кој се соочува со кривична пријава за дозволување на неговото преминување на границата без контрола.

На 15 декември 2024 година, во 09:06 часот, додека бил во службена должност во полициската станица Долно Блаце, полицискиот службеник Б.Ј. пропуштил надзор и му дозволил на патничкото возило мерцедес со конзуларни регистарски ознаки, управувано од А.П. од Скопје, да премине без задржување на А.Г. од Скопје, кој имал активна мерка „задржи и веднаш извести“.

Арсим Папранику, почесен конзул на Косово во Македонија и сопственик на компанијата „Нептун“, е осомничен за транспортирање на Груби во Албанија. Папранику изјавил дека на 15-ти декември го одвезол Груби до Тирана, каде заедно пиеле кафе, а потоа го оставил во хотел близу стадионот. Според неофицијалните информации, Груби престојува во близина на Драч, на Јадранското море.

Во меѓувреме, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје ја потврди одлуката за притвор од 30 дена за Груби, отфрлајќи ја жалбата на неговата одбрана.

Истражните органи продолжуваат со интензивна работа за откривање на сите околности и вклучени лица во овој случај.

Зачлени се на нашиот е-билтен