Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Девојче и тројца мажи нападнати од бездомни кучиња во Скопје

На 7 јануари 2025 година, полицијата извести за серија напади од кучиња-скитници во Скопје, при што беа повредени тројца мажи и малолетно девојче.

Првиот инцидент се случил во 10:00 часот, кога 53-годишниот А.А. од село Сарај пријавил дека бил каснат од куче-скитник на улица „20“ во Сарај.

Само половина час подоцна, во 10:30 часот, во Полициската станица Центар, 60-годишниот И.Р. од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од куче-скитник на улица „Кеј 13 Ноември“.

Во попладневните часови, во 14:30 часот, 36-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче-скитник на улица „Брсјачка буна“. Последниот случај се случил во 17:20 часот, кога 49-годишниот Н.П. од Скопје пријавил дека бил каснат од куче-скитник на улица „Народен фронт“.

Сите случаи се документирани и полицијата презема мерки за истрага и превенција од слични инциденти.

Зачлени се на нашиот е-билтен