Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џафери – Гир: Градењето доверба и добрата соработка меѓу партиите во Собранието е важна за успешна реализација на реформите врзани со евроинтеграцијата и ја обликува политичката култура во земјата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили и координаторите на пратеничките групи застапени во Собранието, Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми и Сурија Рашиди одржаа работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Собранието, парламентарниот дијалог, работата на ЕУ агендата и динамиката на усвојувањето на законите, вклучувањето на Собранието во скрининг процесот и напредокот на Дијалогот Жан Моне, а соговорниците се осврнаа и на уставните измени.

Заеднички беше оценето дека, градењето доверба и добрата соработка меѓу партиите во Собранието не е важна само за успешна реализација на реформите врзани со евроинтеграцијата, туку дека и оваа соработка е важна бидејќи ја обликува политичката култура во земјата.

Беше договорено вакви средби да се одржуваат на редовна основа, со цел да се разгледа одблиску напредокот на државата на патот кон Европската Унија

Зачлени се на нашиот е-билтен