Џихан Ахмед, која беше кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ја повлече кандидатурата.
Џихан Ахмед, и покрај тоа што е магистер по меѓународно право на расправата во Собранието за да ја докаже мотивацијата и знаењата од областа на човековите права и меѓународните стнадради, не успеа да демонстрира основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од насилство.
На прашањата на претставниците на невалдионите организации за правните основи и содржината на Конвенцијата, таа наместо да ги објасни предвидените механизми за заштита од дискриминација, таа говореше за Истанбул и периодот на Мустафа Кемал Ататурк од историски аспект.
На нејзината кандидатура реагираа од Мрежата за заштита од дискриминација кои укажаа дека според Законот, член на Комисијата за заштита од дискриминација мора да има најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои најмалку пет години во сферата на еднаквост и недискриминација. Анализата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема релевантно работно искуство во овие области.
Нејзиното досегашно професионално искуство е стекнато во приватни компании, како универзитетски асистент и професор во средно училиште, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критиките, не ја квалификува за функцијата во Комисијата.