Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

Излезноста на претседателските избори до 18 часот изнесува 47,61отсто, соопшти Државната изборна комисија.

До 18 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 1200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291 777.

Според податоците за излезност кои што се пристигнати досега, најголема излезност е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК досега се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни а 46 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, соопшти ДИК.

Зачлени се на нашиот е-билтен