Директорот на специјализираната болница за Геријатрија доктор Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Се шпекулира за сума од 20 илјади евра која не е потврдена. Во оваа здравствена установа се примаат возрасни пациенти, во најтешка здравствена состојба, листите на чекање се големи, а бројот на кревети ограничен.
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.