Дисциплинска за таткото, кривична за синот кој со значката на таткото направил инцидент на скопската обиколница

Одделот за внатрешна контрола при МВР покрена дисциплинска постапка против полициски службеник чија службена легитимација била злоупотребена од неговиот син во инцидент на скопската обиколница.

Според МВР, 20-годишниот Ф.Х. следел друго возило, се претставил како полицаец и ја покажал значката на татко му. Потоа, физички го нападнал возачот и му нанел телесни повреди со нож, по што избегал.

Случајот е пријавен во полиција, а СВР Скопје во координација со обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.Х. за „насилство“ според член 386 од Кривичниот законик. Обвинителството предложи притвор поради ризик од бегство.

Зачлени се на нашиот е-билтен