Дискотеката „Пулс“ била стар магацин за теписи – немала елаборат за противпожарна заштита

Импровизираниот клуб “Пулс”, кој порано бил магацин за теписи, не поднел елаборат за противпожарна заштита ниту извештај за настанот до надлежните служби, кои би осигурале присуство на противпожарно возило и брза помош. Сè уште се утврдува дали објектот воопшто бил легално пренаменет во дискотека откако бил изграден пред 26 години, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната бригада на Кочани за ТВ 24.

Елаборатот, за кој засега не постои евиденција, би утврдил дали во клубот било дозволено користење пиротехнички средства и дали се исполнети основните безбедносни стандарди за организирање на настани.

Неофицијални информации велат дека кровот на објектот бил изграден од азбест, што довело до брзо запалување и колапс, а не постоел план за евакуација. Ова резултирало со стампедо за излез преку единствената врата. Материјалите од кои бил изграден објектот пред 26 години не биле погодни за функционирање како дискотека.

Зачлени се на нашиот е-билтен