Дискотеката Пулс е отворена 2012 година, кој дозволи дискотека во поранешен магацин?

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа 51 лице, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на институциите. Прашање што мора да се постави е како воопшто овој објект добил дозвола за работа како дискотека?

Според недофицијалните податоци, објектот добил лиценца за работа во 2012 година, во време кога на власт биле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тогаш, за првпат му било одобрено да работи како угостителски објект, иако според првичните информации, претходно бил користен како магацин и прашање е колку овој објект воопшто ги исполнувал безбедносните услови за да добие лиценца или таканаречените „минумум техничку услови“ за работа.

Прашањата кои треба да се одговорат е дали во 2012 година биле направени сите потребни проверки? Дали било утврдено дека просторот ги исполнува стандардите за противпожарна заштита, безбедносни излези и капацитет за евакуација? Или, пак, сè било дозволено без сериозни контроли?

Ако основниот проблем потекнува од 2012 година, тогаш јавноста има право да знае: Кои институции, кои функционери и под чија одлука му дозволиле на поранешен магацин да стане ноќен клуб?

Ова не смее да остане само како трагичен настан – мора да биде поука, но и пример за тоа што значи системска одговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен