Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ја провери фактичката состојба и потврди дека се е чисто со пријавениот имотот на пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче и воедно го затвори предметот.
Со ова се потврди дека сите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за имотот на Филипче, дека наводно имал непријавени станови и друг имот, се лажни и невистинити.
Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција обвини дека наводно податоците од двата анкетни листа на Филипче не соодветствуваат еден со друг и најави претставка до ДКСК.
Со извештајот на ДКСК сите овие наводи се демантирани.
Пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот.