Онлајн просторот во Македонија од денеска е збогатен со „48 часа“ специјализиран веб-портал за комуникации, медиуми и јавен дискурс.
„48 Часа“ е проект на „А Позитив Комуникации“ и претставува медиумска платформа фокусирана на анализа на медиумски содржини, јавни пораки и сè што е поврзано со комуникациите.
Како главен уредник на портлот се потпишува Миле Бошњаковски, кој има богато искуство во комуникациите. За „48 часа“ вели дека тој и неговиот тим ќе обработуваат теми од областа на новинарството, односите со јавноста, политичките комуникации, дигиталните кампањи и јавниот дискурс.
Концептот е насочен кон „вести за вестите“ – систематско следење на медиумското известување, наративите во јавниот простор и трендовите во креирањето информации.
Порталот е достапен онлајн, а содржините ќе се споделуваат и преку социјалните мрежи.
Радакцијата на Рацин.мк и издавачот Motion Group им посакуваат добредојде на колегите од „48 часа“, им посакуваме успех и сме отворени за соработка и взаемна поддршка.