Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Додик: Каква и да биде пресудата против мене, нема да реши никакви проблеми

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска изјави дека каква и да биде пресудата на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против него и вршителот на должноста Службен весник на РС Милош Лукиќ за неисполнување на одлуките на високиот претставник, тоа нема да реши никакви проблеми, туку, како што оцени, ќе отвори десетици нови проблеми.

„Знае (претседателот на Партијата за демократска акција Изетбеговиќ) Бакир, знае (министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ) Дино, знае (новинарот на порталот Истрага Авдиќ) Авдо. Јас не сум јасновидец, па не знам каква пресуда ќе биде изречена за мене и Лукиќ“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Додик оцени дека Обвинителството на БиХ го поднело обвинението под притисок, а Судот на БиХ го потврдил под притисок.

Зачлени се на нашиот е-билтен