Документ на ЦИА: Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името

Глигоров

Документот на ЦИА со датум од 6 ноември 1992 година открива дека Киро Глигоров се соочил со директен обид за финансиско влијание врз државната политика во исклучително ранлив момент. Иако Македонија во тој период се наоѓала во тешка економска состојба поради распадот на федералниот пазар и меѓународната изолација, претседателот одбил приватна понуда од 100 милиони долари од страна на грчки функционери. Овој износ бил директно условен со промена на името на државата.

Еве го делот од документот на ЦИА кој се однесува на ова парашање, во превод без уреднички интервенции:

, Одобрено за објавување: 2025/11/26 C00954265 (b)(1) (b)(3) ana- Киро ГЛИГОРОВ МАКЕДОНИЈА (.Фонетски: GLEEgoroff) Претседател (од јануари 1991 година) Обраќано како: Г-дин Претседател Киро Глигоров, почитуван постар државник и реформатор, постојано работеше на балансирање на конкурентските сили во неговата република и низ целиот Балкан. го опишуваат како „мудра стара лисица“ која ги импресионирала со своето чувство за стратегија и владеење со деталите. Глигоров ја надгледува кампањата на неговата република за добивање меѓународно признание. Тој изрази екстремно разочарување од одлуката на ЕК да ги поддржи грчките приговори за името „Македонија“. изјавија дека, и покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки претставници за помош од 100 милиони долари под услов името да се промени. Претседателот изјави дека грчките барања се ирационални и дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој нагласува дека републиката има цврсти докази дека нема територијални амбиции кон Грција или кон која било друга земја. (б)(3)

Анализата на американската разузнавачка служба го опишува овој потег како доказ за неговата стратешка решителност, при што Глигоров ги оценил барањата на Атина како целосно неразумни. Тој изразил длабоко разочарување од тогашната Европска заедница, која преку поддршка на грчкото вето, дополнително ја дестабилизирала младата република, игнорирајќи ги доказите дека земјата нема територијални претензии.

Во контекст на Југословенската кризаКиро Глигоров водел политика на внимателно дистанцирање од центрите на моќ кои го поттикнувале крвопролевањето. Документите потврдуваат дека тој имал изразена недоверба кон Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, сметајќи ги за главни одговорни за распадот на федерацијата. Неговата стратегија вклучувала неколку клучни насоки меѓу кои наијзразени биле решителното одбивање на предлозите на Слободан Милошевиќ за влез во нова асоцијација доминирана од Србија и поддршка за планот на премиерот Милан Паниќ за балканска економска унија која би ги вклучила и Грција и Турција.

Според документот на ЦИА, Глигоров бил во постојана дипломатска координација со Алија Изетбеговиќ за заштита на суверенитетот на Босна и Херцеговина и Македонија.

Оваа активност покажува дека Глигоров се обидувал да изгради оска на стабилност која би го неутрализирала српско-хрватскиот хегемонизам на Балканот.

На внатрешен план, претседателот се соочувал со двоен притисок од албанското малцинство и националистичката опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕЦИА го нотира неговиот концепт за граѓанска држава базирана на индивидуални права како клучна алатка за амортизирање на барањата за колективна автономија. Иако умерените лидери на Албанците го прифатиле овој модел, тие често ја критикувале владата за недостиг на чувствителност.

За да го ограничи влијанието на радикалните струи во ВМРО-ДПМНЕГлигоров стратешки ги зајакнувал врските со соседите како Бугарија и Турција, истовремено барајќи политичка поддршка од големите сили како САДВелика Британија и Франција. Неговиот личен авторитет се смета за пресуден фактор што ја одржал кревката коалициона стабилност во раните деведесетти години.

Епитетот „мудра стара лисица“, кој често му се припишува на Киро Глигоров, во извештаите на ЦИА е поткрепен со неговото долгогодишно искуство во највисоките финансиски структури на СФРЈ. Како искусен политичар и технократ, тој поседувал детално познавање на стратешките детали, што му овозможило успешно да маневрира меѓу спротивставените сили.

Неговата политичка кариера, која започна со изборот во Собранието на 27 јануари 1991 година и траеше до 1999 година, е обележана со прагматизам кој бил во спротивност со емотивниот национализам. Иако во неговите мемоари тој споменува обид за поткуп од еден милион долари, декласифицираните податоци од јануари 2026 година откриваат дека понудите биле многу поголеми.

Неговата смрт на 1 јануари 2012 година означи крај на една ера, но овие документи дополнително го зацврстуваат неговиот мит како државник кој не подлегнал на материјални искушенија.

Зачлени се на нашиот е-билтен