Министерството за култура, на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, достави податоци во врска со службеното патување во Јапонија за ЕКСПО 2025. Според информациите до кои дошле од Инфомакс, за оваа намена се потрошени речиси 3,7 милиони денари.
Во оваа сума не се вклучени трошоците на претставниците од Министерството за надворешни работи, Министерството за надворешна трговија и Владата. И покрај поднесените барања, од овие институции сè уште нема доставено информации за нивните трошоци.
За дел од сместувањето во Јапонија биле потрошени 1.578.400 јапонски јени, што изнесува околу 620.394 денари.




Од Министерството ги испратија и фактури.



За авионски билети се потрошени 2.650.180 денари.

На авионските билети погоре ги има и имињата на лицата кои патувале во Јапонија.
Билетите на министерот и неговата шефица на кабинет се набавени посебно и чинат 282.700 денари.

За патување со воз платени се за министерот и шефицата на кабинет се платени 39.980 јени, односно 15.714 денари.

За хотелско сместување на министерот и шефицата на кабинет во Осака се потрошени вкупно 574.676 јени или 225.877 денари.

За сместување на министерот и шефицата на кабинет во Токио се потрошени 330.712 јени, односно речиси 130.000 денари.

Во прикажаните податоци не се вклучени трошоците за дневници на функционерите, ниту евентуалните расходи за репрезентација, исхрана и слични ставки.
Сè уште нема информација за тоа какви конкретни придобивки произлегуваат од ова патување за граѓаните на Македонија, а Министерството за култура не даде дополнително образложение по ова прашање.
Досега е познато дека само од страна на Министерството за култура се потрошени над 60.000 евра. Останува да се утврди дали и делегациите од Министерството за надворешни работи и Владата оствариле слични трошоци, имајќи предвид дека рокот за нивен одговор сè уште не е истечен.
Извор: Infomax