Вистинска драма се случила вчера во центарот на Гостивар, каде според неофицијални информации, непознати вооружени лица извршиле грабеж во златара во близина на црквата.

Очевидци сведочат дека сторителите биле вооружени со автоматско оружје, најверојатно калашникови, и дејствувале координирано и брзо, како во филмска сцена.
За да го отежнат движењето на полицијата и да го спречат нивното следење, разбојниците на неколку локации во центарот на градот фрлиле бодликави жици. Засега нема информации за повредени лица, ниту за тоа колкава е материјалната штета.
Полицијата веднаш го блокирала подрачјето и спроведува интензивна потрага по напаѓачите. Се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.