Драматични апели за помош од Дојранско

Како што јавува Трн.мк Малото место крај Дојранското Езеро е под сериозна закана од огнената стихија бидејќи пожарот почнува да се спушта кон куќите.

Шумата над дојранското село Николиќ гори непрекинато веќе три дена, а денеска огнот се спушти на помалку од 200 метри од првите куќи. Локалните жители за „Трн“ сведочат дека на терен нема ниту воздушна, ниту копнена поддршка и оти „ветерот само ја разгорува стихијата“. Алармантната состојба ја потврди и активистот Никола Писарев во телефонски разговор од самото место.

„Живи ќе изгориме. Пожарот е дојден до првите куќи. Полицијата го затвори излезот и никој не може да влезе ниту да излезе од селото. Знаеме дека два стари камиони на почетокот на селото веќе изгореа. Трет ден никој не го гаси пожарот, има само две возила од електродистрибуција за да ја поправат струјата, затоа што струја нема и не се знае ниту кога ќе ја има“ вели Писарев.

Николиќ и општина Дојран се само дел од локациите каде во моментов беснеат пожари, а реакцијата на институциите и тука, слично како и во други општини е спора и несоодветна па локалните власти и месното население сами се снаоѓаат како знаат и умеат да се справат со пожарите.

Зачлени се на нашиот е-билтен