Дрво падна на кејот во Охрид

Под силен налет на ветер рано утрово паднало едно од дрвјата на главното градско шеталиште Кеј Македонија, во близина на езерото.

Дрвото паднало директно на шеталиштето, целосно блокирајќи го пристапот, но за среќа, нема повредени лица во инцидентот.

Настанот се случил во раните утрински часови, кога движењето на граѓаните е минимално, што најверојатно спречило посериозни последици.

Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ за порталот Охрид1 потврдиле дека нивни екипи веднаш излегле на терен по добиената пријава. Утрово, екипите се ангажирани со механизација за сечење и отстранување на паднатото дрво со цел што поскоро да се расчисти шеталиштето и да се врати нормалното функционирање на овој фреквентен дел од градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен