Четворица велешани, меѓу кои и малолетник, се приведени по напад врз тројца припадници на шумската полиција во близина на езерото Младост.
Приведените се на возраст од 18, 36 и 57 години, а со нив било и дете. Инцидентот се случил додека полицајците извршувале службени задачи на земјен пат кон селото Ветерско.
Според официјалните информации, осомничениот Б.З. употребил остар предмет, нанесувајќи повреди на двајца полицајци, З.З. и Б.К., кои биле хоспитализирани во болницата во Велес. Осумнаесетгодишниот В.В. се заканувал со вклучена моторна пила, додека С.З. и малолетникот држеле дрвени предмети.
Напаѓачите побегнале со автомобил, но набрзо биле приведени од полицијата и задржани во станица.
За случајот е известен јавен обвинител, а по завршувањето на истрагата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.