ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци

Во тек се инспекциски надзори во три здравствени установи со цел да се следи патот на лекувањето на детето.

Приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во Општата болница во Кавадарци, каде било лекувано и во Универзитетската клиника за детски болести каде била констатирана смрт. Вака денеска одговорија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци.

Вчера, родителите на детето изјавија дека во болницата во Кавадарци не била сфатена сериозно состојбата на детето и побараа да се испита можно постоење на лекарска грешка.

Од полицијата пак соопштија дека во 3 часот наутро, детето било однесено во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што во 8.45 часот била констатирана смрт.

Зачлени се на нашиот е-билтен