Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дудуш ја обвини Арсовска за расизам: ЈСП автобусите како да носат знак „забрането за Роми“

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз остро ја критикуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој предупреди дека протестите ќе продолжат и следната недела, доколку барањата на општината не бидат исполнети.

Дудуш посочи дека граѓаните на Шуто Оризари се соочуваат со сериозен недостиг на јавен превоз, бидејќи над 90% од автобусите што ги опслужуваат линиите во општината се управувани од приватни превозници.

„За жителите на Скопје велите дека е неумесно да останат без јавен превоз поради недостаток од нафта. А што е зборот за жителите на Шуто Оризари кои 730 дена се без јавен превоз? Јас би рекол дека тоа е расистички, дискриминаторски и нехумано однесување“, изјави Дудуш.

Тој го критикуваше недостатокот на линија 61 како алтернатива и саркастично коментираше: „Немате залепено на автобусите на ЈСП, ‘забрането за Роми’, ама не мора. Вашите постапки зборуваат сами за себе“.

Зачлени се на нашиот е-билтен