Сам на себеси си ја доделил наградата „8 Септември“, се вели во на ДУИ, со што, како што се истакнува, се загрозува не само интегритетот на државните награди „8 Септември“, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор.
Во реакцијата се наведува дека денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на Државната награда „8 Септември“ ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за достигнувања во областа на спортот. Ова е највисоката државна награда во спортот, големо признание што треба да претставува правичност, меритократија и почит за сите наши спортисти.
Од ДУИ укажуваат дека комисијата, формирана со потпис на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е составена од 11 Македонци и само 1 Албанец и за иронија на судбината, единствениот Албанец Хамид Бакија наместо да предложи еден албански спортист, решил наградата да си ја додели самиот на себеси.
Ова за ДУИ не е само судир на интереси, туку е срам и чиста неправда.
„Апсурдна и навредлива ситуација за албанските спортисти кои со децении придонесуваат со труд и успеси во спортот на Северна Македонија, но остануваат исклучени од државно признание и почит“, се вели во соопштението.
Се потсетува дека ова не е изолиран случај и дека и минатата година имавме идентичен пример кога брат на еден градоначалник од ВМРО, како член на комисија, сам на себе си додели награда
Од ДУИ порачуваат дека нема да молчат и дека ова прашање ќе го адресираат пред Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи претставува флагрантен судир на интереси и отворена дискриминација.